Солен ролат со афион (мак)
Posted by: Marta
December 27th, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ
Потребно:
10 јајца, 1 супена лажица сол, 7 супени лажици брашно, 100 грама афионово семе, 1 прашок за пециво; ЗА ФИЛ: 400гр. крем сирење, 250гр. шунка,2 лажици мајонез
или идеа за друг фил: 250гр.павлака, 400гр рендано овчо сирење и ситно сецкан свеж магдонос.
Начин на подготовка:
Се матат јајцата со рачна маталка со сол, подоцна го додаваме брашното, прашокот за пециво, афионовото семе. Смесата ја ставаме во плех на хартија за печење и го ставаме на 180 степени – 10 минути. Печеното тесто подоцна го виткаме во влажна крпа за да се излади. Го премачкуваме со филот и го виткаме ролатот. Ролатот го ставаме во ладилникот да се стегне еден час.