Божиќниот куглоф

Posted by: Marta

December 26th, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ, ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ

Состојки:

40 гр. растопен путер
4 јајца
300 гр. брашно
100 гр.шеќер
ореви
суви кајсии
суво грозје
суви смокви
суви сливи
пире од костени
125 мл. млеко
рум
Подготовка
Сувото грозје се натопува во рум. Во растопениот квасец се додава по една кафена лажица шеќер и брашно. Смесата се промешува. Претходно во сад се става целото количество на млеко да се загрее и од него земаме 20 мл. и го додаваме во квасецот.Се меша смесата и се додава уште 1 лажица брашно,сецканото суво овошје и сецканите ореви.

Преостанатато брашно се става во еден сад и во него се додава смесата од квасец.На смесата се додава и останатиот шеќер.Мешајќи се додаваат 2 лажици млеко. Во смесата, кога ќе добие густина, се додава исецканото овошје и ореви и сувото грозје кое со стегање со раката го цедиме.Смесата ја мешаме со рака и во текот на месењето додаваме 1 јајце и малку брашно.

Куглофот го премачкуваме со путер и го посипуваме со брашно.Тестото се става во куглофот и се остава да скисне и се печи на 250 степени,а потоа се намалува на 180 степени. Се печи 45 минути.

Колачот го вадиме и откако ќе се излади го превртуваме во садот за сервирање и го посипуваме со шеќер во прав. Му ставаме и декорација од суво овошје.

This entry was posted on Monday, December 26th, 2011 at 15:37 and is filed under ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ, ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. You can leave a response, or trackback from your own site.

Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>