– малку Сол
– 100 грама Путер
– 400 грама Нутела крем
– 30 милилитри Млеко
– 200 грама Лешник
– 125 грама Блага павлака
– 6 Јајца
– 250 грама Чоколадо
Подготовка:
Рерната вклучете ја на 175 степени. Тавата намачкајте ја со путер и покријте ја со хартија за печење.
Одвојте ги белките од жолчките. Во голем сад изматете ги белките со малку сол.
Во друг сад матете го путерот, додајте ја нутелата и матете заедно додека не добиете пенаста смеса. Додајте ги млекото, жолчките една по една, постојано матете и на крај додадете ги мелените лешници. Потоа убаво измешајте со лажица, полека додавајте го снегот од белките.
Убаво изедначете ги состојките и истурете во подготвената тава. Печете 40 минути, или додека страните на колачот не почнат да се одвојуваат од тавата.
Извадете од рерната, оставете неколку минути во тавата па префрлете на кујнска решетка да се олади.
Лешниците испржете ги и исечкајте.
Во соодветен сад ставете ја слатката павлака со млекото да зоврие. Тргнете го садот на страна и додајте го искршеното чоколадо па убаво изматете. Полијте го колачот, нафрлете ги лешници и оставете да се излади.
Leave a Reply
XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>