Потребни состојки:
6 јајца
1 кесичка солени крекери
1 целер
2 зелена пиперка
200 гр. пилешка салама
200 гр. Кашкавал
300 гр. Мајонез
2 лажици млеко
1 главица кромид
Сол и црн пипер
6 лепчиња ( по можност коцкасти или кружни).
Подготовка:
Сварете ги јајцата во вода во која сте додале малку сол. Јајцата треба да бидат тврдо сварени. Откако ќе се сварат, тргнете ги од оган и оставете ги да се изладат.
Во посебен сад искршете ги крекерите на ситни парчиња. Потоа ситно исецкајте го целерот и кромидот и додадете ги во смесата. Саламата и кашкавалот изрендајте ги на ситната страна од рендето и додадете ги во смесата. Исецкајте ги пиперките на ситни коцкички и додадете ги. Откако ќе се изладат јајцата, изрендајте ги и додадете ги во смесата. Потоа наросете сол и црн пипер и додајте го мајонезот и млекото. Мешајте додека смесата не се соедини.
Вака приготвената салата можете веднаш да ја послужите.
Исто така, може да ја послужите со лепчиња. Врз лепчињата ставете од салатата со јајца, салама и пиперки и рамномерно распоредете. Ставете ги лепчињата во тава врз која претходно сте ставиле хартија за печење. Печете во рерна 4-5 минути на температура од 180 степени целзиусови.
Оваа салата може да Ви послужи како одлична ужинка или закуска на вашите забави.