Mоцарт торта- кралица на тортите
Posted by: Marta
December 5th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ
Тесто
10 белки
200 гр урми сецкани
150 лешници сецкани
1/2 пециво
5 лаж брашно
2 лаж црн фил
7 лаж шеќер
фил
200 чоколадо
100 какао (краш е најдобро)
1 чаша шеќер
2.5 чаши вода
3 лаж густин
Ова се вари, да зоврие и да згусне и се остава да се олади.(затоа прво ова сварете го и оставете го да се лади додека ги подготвувате тестото и филот)
1 путер
10 жолчки
1 литар млеко, 2 чоколадни пудинга +10 л. шеќер
1 пакетче марципан
Подготовка
Се матат белките со шеќерот да се направи цврст снег се додава останатото(сецканите лешници, урми, брашното, двете лажици од филот…)се пече на хартија во плех од шпорет.Се сече на три ленти и филува.
Фил
Млекото се вари со пудинзите и шеќерот, и се остава на страна да се лади.
Путерот се мати пенесто без шеќер се додаваат жолчките, се мати се пенасто, се меша со пудинзите и на крај се додава оладениот црн фил т.е чоколадото. Се филува кора, фил, кора,кора од марципан, фил, кора и потоа целата торта се премачкува со хопла или доколку сакате да е целата чоколадна се прелива со стопено чоколадо.