Горанска пита или познато како- Goranski nadjev
Posted by: Marta
November 23rd, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ
Потребни состојки
12 јајца
50гр димена сува сланина
250 грама шунка
100 гр.перца од млад кромид
250гр, бајат леб или 4 бајати земички
1/2 лажиче бибер
1 лажица вегета
и за подмачкување на тавчето путер и лебни трошки
Подготовка
Сланината, шунката и лебот исечете ги на коцки. Во изматените јајца додадете ги биберот , вегетата и сецканите сланина, шунка и леб. Во тавче или калап намачкан со путер, посипете ги лебните трошки и потоа истурете ја смесата од јајца. Покријте со алуминиумска фолија и ставете го калапот во друго поголемо тавче во кое сте ставиле вода. Така тавчињата ставете ги во загреана рерна да се пече горанската пита околу 50 минути на 200°C. Кога е печена извадете ја од тавчето исечете на кришки и служете со павлака, сирење, ајвар…