Шпагети ала Норма (Spaghetti alla Norma)

Posted by: Marta

October 31st, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ, ПОСНИ РЕЦЕПТИ

500 гр тестенини
500 гр пелати
200 гр свежи домати
2 чешниња лук
маслиново масло
сол и бибер
свеж босилок
2 модри патлиџани
10-тина масилинки по желба
пармезан или тврдо сирење, по желба (за пост се разбира сирењето се изоставува од рецептов)
Подготовка: Сварете ги тестенините во солена и врела вода. Модрите патлиџани излупете ги и иселете ги на подебели тркалца. На маслиново масло запржете ситно сечкан лук. Потоа ставете ги пелатите, грубо исечкани. Додадете ги сецканите маслинки, доматите,посолете и побиберете. Пред крај, ставете ги ливчињата босилок, искинати на парчиња. парчињата модри патлиџани пржете ги во тавче со врело масло и потоа измешајте ги со сосот од домати. Сварените тестенини ставете ги во сосот и убаво измешајте.Пред служење посипете со рендан пармезан или друго тврдо сирење по желба.

This entry was posted on Monday, October 31st, 2011 at 15:20 and is filed under ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ, ПОСНИ РЕЦЕПТИ. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. You can leave a response, or trackback from your own site.

Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>