Турско ќофте

Posted by: Marta

October 31st, 2011 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ

500 гр мелено јунешко месо
2 парчиња бајат леб, без корки потопен во малку вода
1 главица кромид, изрендан
1 лажичка сушено нане
1 лажица свеж магдонос, ситно исечкан
1 главица лук, ситно исечкана
1 јајце
сол и бибер
брашно
масло ја пржење
Истискајте ја водата од лебот. Во сад ставете ги сите состојки: месото, лебот, кромидот, јајцето, лукот, нането и магдоносот. Зачинете со сол и бибер. Обликувајте ќофтиња во форма на топче.
Обликуваните ќофтиња извалкајте ги во брашно. Во тенџере за пржење ставете поголема количина масло. Загрејте го на средна температура. Кога маслото ќе биде добро загреано, ставете ги ќофтињата да се пржат. Ќофтињата пржете ги од максумум 10 минути со повремено вртење од сите страни.

This entry was posted on Monday, October 31st, 2011 at 16:09 and is filed under МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. You can leave a response, or trackback from your own site.

Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>