Грчки лиснати полжавчиња

Posted by: Marta

October 31st, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ, ПОСНИ РЕЦЕПТИ

пола килограм лиснато тесто
половина китка свеж магдонос
100 гр маслинки
4 парчиња сушени домати
2 чешниња лук
2-3 лажици маслиново масло
Подготовка: Тестото со сукало развлечете го со дебелина околу 5 мм. Подгответе го филот. Тестото премачкајте го со маслиново масло. Во блендер ставете ги лукот, доматите, магдоносот и маслинките и миксајте кратко, да не се направат во паста. Со смесата премачкајте го тестото. Тестото почнете да го вртите во ролат од едната страна, па кога ќе стигнете до средина со вртење, свртете ја и другата страна, така што двата краја ќе се спојат и ќе изгледа како полжав. Ролатот исечете го на парчиња со дебелина околу 3 см. Исечените полжавчиња наредете ги во тава за печење обложена со хартија за печење и печете ги во рерна загреана на 200 целзиусови степени, околу 20 до 25 минути.

This entry was posted on Monday, October 31st, 2011 at 16:32 and is filed under ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ, ПОСНИ РЕЦЕПТИ. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. You can leave a response, or trackback from your own site.

Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>