РОЛАТ ОД СПАНАЌ
Posted by: Marta
October 27th, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ, САЛАТИ
Потребно е: 5 јајца
300г шунка
500г спанаќ
500г сирење
400мл млеко
125г путер
150г кисела павлака
200г брашно
Путерот се топи на тивок оган, па му се додава брашното и малку се пропржува. Се додава исчистениот и исецкан спанаќ и откако ќе се испржи, му се додава млекото. Оваа смеса се остава да се олади, па се додава во претходно изматените жолчки од јајцата. Потоа се додаваат и цврсто изматените белки и сето тоа убаво се меша. Се пече во плех на хартија за печење на 200 степени околу 30 минути. Кората се завиткува во влажна крпа да омекне за да се витка како ролат без кршење.
Филот се прави од шунката и сирењето (изрендани или исечкани, по желба) измешани со павлаката. Се премачкува кората и се витка ролат.