компири (по желба)
- путер
- кашкавал
- сол, бибер
- ситно сецкан магдонос и лукче или буковец ( по желба)
- маслиново масло
- 60 мл павлака за готвење ( хопла)
- 60 гр рендан кашкавал
Подготовка:Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени. Компирите измијте ги и избришете ги.Засечете ги прво на долниот дел за да бидат рамни долу, па засечете ги на неколку делови, не до долу(како лепеза).Путерот и кашкавалот исечете ги на тенки парчиња, како засеците на компирот. Компирите зачинете ги со сол, бибер и други зачини по ваша желба. Компирите попрскајте ги со маслиново масло. Наполнете ги наизменично со кашкавал и путер. Од горе ставете уште малку масло. Празнините наполнете ги со хопла, а од горе ставете го ренданиот кашкавал. Ставете ги во тавче за печење обложено со хартија за печење, покриени со фолија и печете 30 минути во загреаната рерна. По 30 минути, извадете ја фолијата, попрскајте ги со остатокот од хоплата и вратете ги во рерна да се запечат уште 10-12 минути.