Боранија на медитерански начин
Posted by: Marta
October 25th, 2011 >> ЗЕЛЕНЧУК, МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ
Потребни состојки: половина кг зелена боранија/ 1 лажица маслиново масло/ 100 гр кромид/ 1 чешне лук/ 500 гр домати/ 1 лажица зачинал/ 2 лажици исечкан босилек/ 1 лажица насечкан магдонос/ 4 телешки шницли, сол и 2 лажици масло.
Подготовка: Боранијата се чисти се сече на парчиња, се мие и се вари во солена вода 15-20 минути.
На маслиновото масло се пржи исечканиот кромид, излупените домати исечени на коцки, се посипува се тоа со зачиналот и се крчка десеттина минути.
Сварената и исцедена боранија се вмешува во сосот од домати и се додаваат босилекот и магданосот.
Телешките шницли се толчат, се посолуваат и се пржат на загреано масло по три мнути од секоја страна.