Фина чоколадна торта :)
Posted by: Marta
October 20th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ
280 гр. темно чоколадо
125 гр. путер
50 гр. шеќер
6 јајца
1 ванилин шеќер
хартија за печење
Искршете го чоколадото на коцки и исечете го путерот на парченца. Ставете ги да се стопат на пареа. Во сад со миксер убаво пенасто изматете ги жолчките со скоро целиот шеќер (оставете 1 лажица од шеќерот) и ванилата. Со миксер изматете ги белките во цврст шлаг со последната лажица шеќер.
Стопеното чоколадо и путер оставете ги да се оладат. Оладени, прво додадете го чоколадото во жолчките и убаво измешајте па потоа додадете ги изматените белки. Не мешајте со миксер, бидејќи белките ќе ви спласнат. Смесата истурете ја во тавче од 20 см. обложено со хартија за печење. Печете ја во загрена рерна на 180 Ц степени, околу 25 мин. Средината на тортата треба да биде мека. Послужете ја кога ќе биде оладена.
October 27th, 2011 at 09:36
вчера ја правевме оваа фина чоколадна торта со Тања и искрено да ви кажам повкусна беше пред да се испече!