Потребни состојки:
– 4 компири
– 250 гр. Печурки буковки
– 200 гр. Сирење
– 2 црвени конзервирани пиперки
– 200 гр. Кашкавал
– масло за јадење
– сол и црн пипер
Подготовка:
На даската за сечење на коцки го сечеме кашкава лот И го ставаме во еден поголем длабок сад. Потоа на коцки ја сечкаме црвената конзервирана пиперка И ја додаваме во садот. Ситно ги сечкаме печурките И ги додаваме во садот.
Во садот ситно го рендаме И сирењето И додаваме масло за јадење. Се убаво промешуваме со лажица. Потоа го длабиме компирот за полнење. Потоа со лажица го полниме компирот со претходно подготвениот фил. Наполнетиот фил го ставаме на алуминиумска фолија, го попрскуваме со масло за јадење И го посолуваме. Потоа со фолијата компирот убаво го виткаме од сите страин И го ставаме во тава за печење. Во тавата додаваме малку вода И масло за јадење. Тавата со компирот ја ставаме во фурна да се пече, 30- тина минути на температуре од 200 степени. Ја вадиме тавата од фурна И ја ставаме на работната маса. Потоа компирот заедно со фолијата го вадиме на чинија за сервирање. Ја отвораме фолијата, а полнетиот компир го украсуваме со гранче магдонос.