Состојки
200ml слатка павлака
350g рендано чоколадо
2 ч.л. бренди, рум, Irish Cream, Kahlua или друг ликер (не е задолжително)
мали парчиња овошје (јагоди, јаболка, банани) или мали крофнички, мачмалоу…
Подготовка
1.Во мало тенџере или поголемо ѓезве ставете ја слатката павлака и оставете ја да се загрее на умерена температура. Потребни се околу 2-3 минути (не треба да достигне точка на вриење).
2.Тргнете ја павлаката од оган и со неа потурете го ренданото чоколадо. Оставете го чоколадото 3 минути за да омекне.
3.Растопете го чоколадото со мешање. Треба да добиете хомогена смеса.
4.Доколку чоколадото не се растопи убаво (зависи од типот на чоколадо што го користите), растопете го на пареа. Ако немате соодветен сад за готвење на пареа, користете обично тенџере. Препорачливо е или тенџерето да го држите во воздух над жешка рингла или ринглата да е загреана на минимална температура и да го ставите директно врз неа.
5.Во растопеното чоколадо ставете ги двете лажички ликер или алкохол по избор и повторно промешајте.
6.Послужете веднаш по приготвувањето, додека е топло.
Дополнително: по желба, во чоколадното фонду можете да додадете исечкани бадеми, ореви или лешници.