Пиле на марокански начин (Tadjinе)

Posted by: Marta

October 13th, 2011 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ

Состојки:

– 1 пиле
– 3 моркова
– 200 гр. ориз
– 30 гр. бадеми
– 50 гр. суво грозје
– 1 чешне лук
– 3 лажици мед
– 1 кафена лажица цимет
– 1 кафена лажица кари
– половина лажица шеќер
– масло за јадење
– сол и црн пипер

Подготовка..

На даската за сечење пилето го посолуваме и го наросуваме со мелен црн пипер и од внатрешната и од надворешната страна. Го ставаме пилето во огноотпорен сад. Го полеваме пилето со вода и додаваме масло за јадење. Огноотпорниот сад го ставаме во рерна. Печеме 1 час на температура од 250 степени.
Бадемите ситно ги сечкаме. Чешнето лук го гмечиме со нож и ситно го сечкаме. Исечканиот лук го додаваме во садот со бадемите. Ги додаваме карито и медот. Додаваме 2-3 лажици врела вода и промешуваме.
Во тенџере налеваме вода и го ставаме на оган. Посолуваме и го додаваме сувото грзоје и циметот. Во тенџерето го додаваме и оризот. Морковите ги сечкаме на кругови.
Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло ги ставаме морковите да се пржат. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Додаваме половина лажица шеќер. Во тавата налеваме околу 300 мл. вода. Вариме додека морковите не омекнат. За време на варењето оризот го промешуваме. По 50 минути печење го вадиме огноотпорниот сад од рерна. Пилето го премачкуваме со смесата од мед и бадеми. Го враќаме огноотпорниот сад во рерна. Кога оризот ќе се свари го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Во тенџерето ги додаваме морковите од тавата. Промешуваме.
Огноотпорниот сад го вадиме од рерна. Го преливаме пилето со сосот во кој се подготвуваше.

This entry was posted on Thursday, October 13th, 2011 at 14:57 and is filed under МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. Both comments and pings are currently closed.

Comments are closed.