Пилешко со карамелизиран сос од кромид

Posted by: Marta

October 13th, 2011 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ

Потребни состојки:

– 1 пиле од 2 кг
– 5 главици кромид
– 6 страка праз
– 100 гр путер
– 100 гр зрна од пченка
– 50 гр свежи шампињони
– 2 кафени лажици зачин ц
– 50 мл хопла
– 1 пилешка коцка за супа
– 25 гр шеќер
– вода
– масло за јадење
– сол и црн пипер

Подготовка:

На даската за сечење пилето го сечеме на парчиња. На чинија ги ставаме сите преостанати парчиња освен копаните и пилешките гради. На копаните им ги отсрануваме коските. Пилешките гради ги сечкаме на парчиња. Парчињата пилешки гради ги ставаме на чинија. Копаните и поткопаните ги толчиме со дрвен чук. Врз истолчените копани наросуваме мелен црн пипер. Парчињата месо ги ставаме на чинија. Шампињоните ситно ги сечкаме. Исечканите шампињони ги додаваме на чинијата со исечканите пилешки гради. Додаваме 1 кафена лажица зачин ц. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Мешаме со рака. Едниот истолчен пилешки копан го ставаме на даската за сечење. Врз него нанесуваме од филот од бело месо и шампињони. Од вака подготвеното месо свиткуваме ролат. Истата постапка ја повторуваме и со вториот копан. Ролатите ги зацврстуваме со готварски конец. Го ставаме едниот ролат на парче Фино алуминиумска фолија. Го попрскуваме со Брилијант масло за јадење. Го свиткуваме ролатот во фолијата. Истата постапка ја повторуваме и со вториот ролат. Зовриената вода во тенџере на оган ја посолуваме. Врз тенџерето ставаме цедалка. Во цедалката ги ставаме ролатите. Покриваме со капак. Оставаме ролатите да се подготвуваат на пареа десет минути. Во второто тенџере со зовриена вода на оган додаваме масло за јадење. Посолуваме. Празот го сечкаме на долгнавести парчиња. Парчињата праз ги ставаме да се обарат во тенџерето на оган. Во тава за пржење на оган ставаме путер да се растопи. На растопениот путер ги ставаме зрната пченка да се испржат. Во цедалката во која се подготвуваат копаните ги додаваме крилцата и малите копанчиња да се варат на пареа. Тавата со пченка ја тргаме од оган и ја ставаме на работната маса. И тенџерето со праз го тргаме од оган. На ситната страна од рендето во поголем длабок сад ги рендаме главиците кромид. Изренданиот кромид го истураме во цедалка. Потоа го гмечиме со лажица. Содржината од тенџерето во кое се вареше празот, ја истураме во цедалка. Ги оставаме парчињата праз да се исцедат. Во тенџере на оган го ставаме шеќерот. МеШаме за време на пржењето. Потоа во тенџерето додаваме околу 200 мл вода. Ја додаваме и коцката за супа. Откако шеќерот ќе се растопи во тенџерето го додаваме сокот од кромидот. Додаваме уште 200 мл вода. Тенџерето во кое пилешкото месо се подготвуваше на пареа го тргаме од оган. Го вадиме месото од цедалката и го ставаме на даската за сечење. Ја отстрануваме фолијата од ролатите. Во тенџерето на оган додаваме путер. Во тава за пржење на оган ставаме путер да се растопи. На ролатите им го отстрануваме готварскиот конец. Ролатите, крилцата и копанчињата ги ставаме да се пржат во тавата со растопен путер на оган. За време на пржењето парчињата месо ги превртуваме. Наросуваме зачин ц. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Ја тргаме тавата од оган. Ги вадиме парчињата пилешко од тавата и ги ставаме на даската за сечење. Во тенџерето на оган ја додаваме хоплата. Промешуваме. Го тргаме тенџерето од оган.
Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата. Ролатите ги сечкаме на парчиња. Парчињата ролат скалесто ги редиме на чИнијата за сервирање. Потоа на чинијата ги сервираме преостанатите парчиња пилешко. Претходно сварените моркови ги сечкаме на тенки долгнавести парчиња. Парчињата моркови ги редиме од другата страна на чинијата за сервирање. Потоа на чинијата ги сервираме парчињата претходно сварени компири. До нив ги сервираме парчињата обарен праз. До празот ги сервираме зрната пченка. Со црпалка Пилешкото го преливаме со сосот од кромид.

This entry was posted on Thursday, October 13th, 2011 at 14:48 and is filed under МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. Both comments and pings are currently closed.

Comments are closed.