Кременадли на златиборски начин

Posted by: Marta

October 13th, 2011 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ

– 4 кременадли
– 1 компир
– 80 гр. сечкани маринирани шампињони
– 2 главици кромид
– 80 гр. кајмак
– 5 конзервирани лути пиперчиња
– 1 јајце
– магдонос
– 150 мл. млеко
– масло за јадење
– сол и црн пипер

На даската за сечење ги ставаме кременадлите. Ги посолуваме. Ги наросуваме со мелен црн пипер. Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло ги ставаме кременадлите да се пржат.
Во меѓувреме компирот го сечкаме на кругови. Шампињоните ги сечкаме на половина. Откако ќе се испржат од едната страна кременадлите ги превртуваме. Кромидот го сечкаме на четвртинки. Парчињата кромид ги разлистуваме. Испржените кременадли ги вадиме од тавата за пржење и ги редиме во огноотпорен сад.
На оган ставаме тава за пржење и во неа масло да с загрее. На загреаното масло ги редиме круговите компир да се пржат. Откако ќе се испржат од едната страна парчињата компир ги превртуваме. Ја тргаме тавата од оган. Со лажица решетка ги вадиме испржените компири од тавата и ги ставаме во поголем длабок сад. Ја враќаме тавата на оган. Во истото масло го ставаме да се пржи кромидот. По кратко време ја тргаме тавата од оган. Испржениот кромид го вадиме од тавата и го ставаме во длабокиот сад. Ја враќаме тавата на оган и во неа ги ставаме да се пржат шампињоните. Испржените Шампињони ги додаваме во длабокиот сад. Ја враќаме тавата на оган. Во неа ставаме масло за јадење. Го промешуваме зеленчукот во длабокиот сад. Потоа го ставаме зеленчукот во тавата на оган. Кратко време го пржиме зеленчукот. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Магдоност ситно го сечкаме. Исежканиот магдонос го додаваме во тавата. На лутите пиперчиња им ги отсекуваме рачките и ги сечкаме на парчиња. Потоа и нив ги додаваме во тавата на оган. Во тавата го додаваме и кајмакот. Промешуваме. Ја тргаме тавата од оган. Целата содржина ја додаваме во огноотпорниот сад. Јајцето го кршиме во подлабок сад и го матиме со жица за матење. Во садот го додаваме млекото.Мешаме со жицата. Со изматеното јајце со млеко ја преливаме содржината во огноотпорниот сад. Огноотпорниот сад го ставаме во рерна. Печеме 30- тина минути на температура од 230 степени. Го вадиме огноотпорниот сад од рерна. Со лажица решетка вадиме од Кременадлите на златиборски начин од огноотпорниот сад и ставаме на чинијата за сервирање.

This entry was posted on Thursday, October 13th, 2011 at 14:18 and is filed under МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. Both comments and pings are currently closed.

Comments are closed.