Грчки ќофтиња од тиквици

Posted by: Marta

October 12th, 2011 >> ЗЕЛЕНЧУК

Еве уште еден грчки рецепт од Катерина :

Потребно е:

2 средни тивкици
2 чешниња лук, ситно сечкани
1 главица кромид, ситно сечкана
100 гр лебни трошки + брашно, по потреба (не премногу, затоа што тиквиците ќе го изгубат вкусот) (додадена информација)
150 гр рендан кашкавал (тврд или мек, по желба – може и фета сирење)
1 белка од јајце
1 лажиче оригано
1 лажиче копар
пола лажиче морско оревче
пола лажиче мајоран
пола лажиче нане (зачините да бидат суви)
сол, бибер
Подготовка: Тиквиците излупете ги и изрендајте ги на дебелата страна од рендето. Посолете ги, ставете ги во голема цедалка и оставете да се изцедат убаво 30 минути. По 30 минути, со рака истицнете ја вишокот од водата што ја пуштиле тиквиците. Тие треба да бидат убаво исцедени, да нема ни малку вода. Ставете ги во длабок сад и почнете да ги додавате следните состојки: кромидот, лукчето, белката од јајце и лебните трошки. Измешајте. Смесата треба да биде цврста, не течна, па затоа ако не е таква по додавањето на лебните трошки, ставете брашно, најмногу до 5 лажици (не заборавајте на кашкавалот, затоа што и тој има способност да ја стегне целата смеса). На крај, додадете ги зачините и кашкавалот, убаво измешајте и ставете ја смесата во фрижидер да отстои околу 30 минути. За тоа време, сите состојки ќе се соединат и можно е тиквиците пак да пуштат течност. Префлете ги во друг сад и почнете да формирате ќофтиња или мини хамбургери. Во тавче за пржење ставете маслиново масло (не ладно цедено) и оставете да се загрее на средна температура. Пржете ги ќофтињата за да добијат убава боја од сите страни. Испржените ќофтиња ставете ги во чинија обложена со кујнска хартија за да ја впијат вишокот маснотија. Сервирајте ги топли, со салата и ѕаѕики сос.
Забелешка: Ако ќофтињата ги валкате во лебни трошки пред да ги пржите, тие ќе впијат повеќе масло во текот на пржењето, затоа се додаваат лебни трошки во самите ќофтиња.

This entry was posted on Wednesday, October 12th, 2011 at 15:20 and is filed under ЗЕЛЕНЧУК. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. Both comments and pings are currently closed.

Comments are closed.