Состојки
•600 гр пилешко филе
•3 лажици палмино масло (или обично)
•сол
•100 гр сецкан кромид
•150 гр ориз
•2 чешниња лук
•1 конзерва доматен сос (400гр)
•1 пилешка коцка за супа
•ловоров лист
•1/2 лажичка мелен ѓумбир
•1/2 лажичка мајчина душица
Начин на подготовка:
Пилешкото малку посолете го и исечете го на коцки. Во широка тава пропржете го пилешкото во масло додека не стане златно жолто. Додадете сецкан кромид и пржете кратко. Во тавата со пилешкото додадете ориз (пропржете го малце), столчен лук, доматен сос, коцката за супа, ловоров лист, ѓумбир, мајчина душица и истурете вода до врв од тавата. Поклопете и оставете да крчка на тивок оган 15 минути со повремено мешање. Ако е потребно на крајот уште еднаш посолете.