ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- малку Сол
- 12 Пиперки
- 50 грама Моркови
- малку Магдонос
- 2 чешниња Лук
- 2 главици Кромид
- 500 грама Грав
- малку Црн бибер и оригано
Гравот потопете го во ладна вода.
Утредента измијте го, исцедете го, па ставете го во подлабок сад заедно со ситно исецканиот кромид, ренданиот морков и лукот, па зачинете со сол, бибер и оригано, налејте вода колку да накисне, поклопете и варете ги на умерена температура додека гравот не биде 80% варен. т.е. додека не зоврие целата течност.Во меѓувреме, додека гравот се вари, пиперките потопете ги во врела вода.
Кога гравот ќе се свари, оставете малку да се олади, па полнете ги исцедените пиперки. Округла тепсија премачкајте ја со малку масло. Филот кој ќе ви остане од полнењето, рамномерно распоредете го по дното на тепсијата, па преку него наредете ги полнететите пиперки. Ставете ги во рерна загреана на 220 степени и печете околу 30 минути.