Њоки во крем сос со пилешко и тиквици
Posted by: Marta
October 10th, 2011 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ, ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ
Состојки:
600гр њоки (замрзнати)
1 лажица масло
400гр пилешко бело месо
2 тиквици (400гр)
200гр павлака
Сол, бибер
магдоносПодготовка:
Њоките сварете ги во посолена вода, а потоа исплакнете ги. Пилешкото исецкајте го на коцки и пропржете го на загреано масло. Кога месото ќе потемни, додадете ги тиквичките исецкани на коцки и оставете ги 3-4 минути.
Додадете павлака, зачини и претходно сварените њоки. Промешајте на тивок оган неколку минути.
Пред да послужите декорирајте со сецкан магдонос.