Потребно: •една векна француски багет •супа од една зеленчукова коцка •маслиново масло или растопен путер •1/4 чаша коњак •2 главици кромид •200 гр. швајцарски кашкавал (или кашкавал по ваша желба) •1/2 шоља рендан пармезан
Подготовка: Багетот исечете го парчиња со дебелина од 3 см, намачкајте ги со маслиново масло или растопен путер, ставете ги на хартија за печење и печете ги на 250 С 15 минути на секоја страна, додека не станат средно печени. Супата од коцка ставете ја во тенџере. Додадете го коњакот и кашкавалот и оставете да се стопи. Кромидот исечете го на тенки резанки и пржете го додека не добие убава кафена боја и додека не се карамелизира. Во чинија ставете две парчиња од багетот. Врз него ставете од пржениот кромид и сето тоа прелијте го со супата. Ренданиот пармезан стопете го на тавче за палачинки и така стопен ставете го супата, од горе.