Пилешко со цимет на грчки начин

Posted by: Marta

October 10th, 2011 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ

Потребни состојки:

1 пиле (пресечено на 8 парчиња)
1 лажичка цимет
2 лажички сол
1 лажичка црн пипер
5 чешниња лук
1 кромид
2 лажици маслиново масло
2 чаши вода
1 конзерва доматно пире
1 лажичка мајоран
500 гр. тарана или орзо паста
200 гр. пармезан

Подготовка:

Во тенџере на оган сварете ја тараната или орзо тестенините во солена вода.

Парчињата пилешко месо добро зачинете ги со претходно подготвената смеса од цимет, сол и пипер. Во тавче со загреано масло на оган, испржете ги парчињата пилешко се додека не поруменат (околу 4-5 минути од една страна).

Откако ќе се испече месото, извадете го од тавата и ставете го во посебна чинија. Во истото тавче додајте три ситно исецкани чешниња лук и ситно исецканиот кромид. Пропржете околу 3 минути на средна температура, па додајте половина чаша вода. Со лажица за готвење изгребете ја површината од дното на тавата и оставете водата да испари. Потоа додајте ја преостанатата вода, доматното пире, мајоранот, преостанатите две чешниња ситно сецкан лук и наросете сол и црн пипер.

Оставете ја смесата да врие околу 2 минути, па повторно вратете го пилешкото во тавата. Покријте ја тавата со капак и оставете да се динста 30-40 минути на тивок оган. Доколку сосот премногу се згусне, додадете врела вода.

Откако пилешкото месо ќе се издинста, на чинија за сервирање ставете ги претходно подготвените тестенини и врз нив наредете ги парчињата месо, па со лажица црпалка полијте ги со сосот од тавата. Врз вака приготвеното јадење наросете пармезан.

This entry was posted on Monday, October 10th, 2011 at 14:04 and is filed under МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. Both comments and pings are currently closed.

Comments are closed.