Мусака со чаден врат и грашок

Posted by: Marta

October 10th, 2011 >> ЗЕЛЕНЧУК, МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ

– 250 гр. чаден свински врат
– 400 гр. грашок
– 3 тврдо варени јајца
– магдонос
– 100 мл. павлака
– 200 гр. ементалер
– 2 лажици лебни трошки
– 50 гр. путер
– масло за јадење
– сол и црн пипер

На даската за сечење ситно го сечкаме магдоносот. Свинскиот врат исечкан на ленти го сечкаме на долгнавести парчиња. Претходно сварените и излупени јајца, со алатка ги сечкаме на кругови. На ситната страна од рендето го рендаме ементалерот. Зовриената вода во тенџере на оган ја посолуваме. Во тенџерето го ставаме грашокот да се вари. Откако грашокот ќе омекне го тргаме тенџерето од оган. Содржината од тенџерето ја истураме во цедалка. Го плакнеме грашокт со студена вода. Оставаме грашокот да се исцеди. Огноотпорниот сад го намрснуваме со путер. Во садот редиме еден ред грашок. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Врз грашокот наросуваме сечкан магдонос. Потоа во садот ставаме еден ред сечкан свински врат. Врз свинскиот врат ставаме еден ред кругови варени јајца. Потоа повторно ставаме еден ред грашок. Врз грашокот ставаме ред свински врат. Врз вратот ставаме магдонос. Наросуваме мелен црн пипер. Повторно ставаме ред грашок. Врз него ставаме парчиња свински врат. Наросуваме магдонос. Потоа ставаме еден ред кругови варени јајца. Повторно наросуваме мелен црн пипер. Го ставаме огноотпорниот сад во рерна. Печеме 20 минути на температура од 200 степени. Преостанатиот ементалер го мешаме со павлаката. Го вадиме огноотпорниот сад од рерна. Ја преливаме мусаката со прелив од павлака и ементалер. Го враќаме огноотпорниот сад во рерна. Печеме додека ементалерот не се растопи. Го вадиме огноотпорниот сад од рерна.
Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата. Со лажица решетка вадиме од Мусаката од чаден врат и грашок од огноотпорниот сад и ставаме на чинија за сервирање. Украсуваме со полукругови домат на двата краја на чинијата.

This entry was posted on Monday, October 10th, 2011 at 16:28 and is filed under ЗЕЛЕНЧУК, МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. Both comments and pings are currently closed.

Comments are closed.