Мусака со компири и тиквички

Posted by: Marta

October 10th, 2011 >> ЗЕЛЕНЧУК


– 500 гр. Компири
– 1 тиквичка
– 300 гр. Кашкавал
– 1 главица кромид
– 2 домата
– 100 гр. Сирење
– јогурт
– 1 главица лук
– мајчина душичка
– масло за јадење
– сол и црн пипер

Еден огноотпорен сад го намрснуваме со масло за јадење. На даската за сечење варените компири ги сечеме на тенки кругови и ги редиме во огноотпорниот сад. Врз компирите го рендаме сирењето. Потоа на тенки кругови ја сечкаме излупената тиквичка. Парчињата тиквичка ги редиме во огноотпорниот сад врз ренданото сирење. Потоа на крупно го рендаме кашкавалот и го ставаме во огноотпорниот сад врз тиквичките. Кромидот ситно го сечкаме и го редиме врз кашкавалот. Доматите ги сечеме на тенки кругови и ги редиме во садот. Во еден длабок сад го ставаме јогуртот. Чешнињата лук ситно ги сечкаме. Во садот со јогурт додаваме мајчина душичка и промешуваме со лажица. Потоа во садот го додаваме сечканиот лук, посолуваме и додаваме мелен црн пипер. Во садот додаваме малку млеко. Наредената мусака во огноотпорниот сад ја полеваме со масло за јадење, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Потоа мусаката ја преливаме со претходно подготвениот прелив од јогурт, млеко и зачини. Огноотпорниот сад го ставаме да се пече во фурна 20- тина минути на температура од 250 степени. Откако мусаката убаво ќе се запече го вадиме садот од фурна и го ставаме на работната маса. Со лажица решетка најпрво ги одлепуваме краевите од мусаката од садот. Потоа поголеми парчиња од мусаката вадиме на чинија за сервирање.

This entry was posted on Monday, October 10th, 2011 at 16:22 and is filed under ЗЕЛЕНЧУК. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. Both comments and pings are currently closed.

Comments are closed.