Млечен сос со краставички, лешници и фета сирење
Posted by: Marta
October 10th, 2011 >> САЛАТИ, СОСОВИ И ПРЕЛИВИ
Потребни состојки:
500 гр. фета сирење
250 мл. Млеко
200 гр. печени лешници
1 лажичка оригано
1 печена црвена пиперка
2 краставици
100 гр. црни маслинки
100 гр. зелени маслинки
Сол и црн пипер
2 кесички чипс со вкус по желба или пак зеленчук по желба (краставица, пиперка, морков, праз)
Ставете ги сирењето, млекото, ситно сецканите лешници, ориганото и ситно сецканите краставички во посебен сад и промешајте. Отстранете ги семките од маслинките и исецкајте ги на коцкички па додадете ги во садот. Исто така исецкајте ја пиперката и додадете ја во садот, па наросете сол и црн пипер.Смесата мешајте ја додека не се соедини, а можете да ја изматите и во блендер.Откако сосот ќе се соедини, ставете го во длабоки украсни чинии за сервирање, а околу чиниите наредете сецкан свеж зеленчук, како пиперки, краставица и морков, или пак чипс по желба.