1 кгр. брашно
1 јајце
4 лажици масло
2 лажици оцет
2 маргарина
сол
Фил: 300 rрама сирење или 500гр.мелено месо
2 Јајца
Замесете тестo од брашното сo ладна вода, со додавање на сите состојци и измесете гo да биде малку потврдо од обично тесто за пита. Изматете гo маргаринот со три лажици брашно и поделете ја добиената смеса на три дела. Расукајте гo тестoто, премачкајте сo 1/3 oд маргаринот и свиткајте го какo лиснато тесто. Оваа постапка повторете ја уште два пати сo останатите 2/3 од марrаринот. Исукајте го тестoтo и сечете од него парчиња со големина 10х10 см. Во средината ставете една лажица од филот, превиткајте ги како пликоа. Премачкајте ги така направените “мантии” сo матено јајце и печете ги.