Домашна Нутела…mmmmm Nutella :)
Posted by: Marta
October 10th, 2011 >> ТОРТИ, СЛАТКИ, СЛАДОЛЕДИ, СЛАТКИ КРЕМОВИ
Нутелата е чист крем од лешник со додаток на какао! И сè што ви е потребно се наоѓа во секој супермаркет! За околу 350гр Нутела потребно е:
– 300 грама печени несолени лешници.
– 200 грама шеќер во прав.
– 2 до 3 супени лажици какао во прав.
– Една кесичка ванилин шеќер
Лешниците ставете ги во блендер и пасирајте ги додека не станат пире. Повремено гасете го апаратот и го лопатка соберете ги лешниците, бидејќи тие самите по себе се мрсни и кога ќе се загреат од блендерот се лепат по ѕидовите од садот. Кога ќе бидете задоволни со пирето, додадате го какаото и шеќерот и повторно вклучете го блендерот додека состојките се соединат и делуваат хомогено. Не ставајте кристален шеќер, бидејќи колку и да го матите кремот, кристалите нема да се стопат, но ако не ви смета крцкањето, слободно експериметирајте! Доколку не ви одговара количината на шеќер, слободно одземајте или додавајте по вкус. Ако кремот ви делува сув или премногу густ, можете да додадете малку масло за јадење, но не повеќе од 2 супени лажици, бидејќи кремот ќе стане премногу течен.