Бурек за четворица
Posted by: Marta
October 10th, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ
500 гр кори за бурек
500 гр сирење
50 гр путер
80 мл масло за јадење
сол
Приготвување:
Во длабок сад се ставаат водата и маслото за јадење. Посолувате и мешате со лажица. Во тркалезна тава за печење намрснета со путер ставате две кори, со тоа што краевите на корите треба да бидат надвор од тавата. Врз корите попрскувате со мешавината од масло и вода. Потоа во тавата редите неколку кори, гужвајќи ги за да бидат целосно во тавата. Повторно попрскувате со масло и вода. Сирењето го дробите со вилушка и од истото ставате врз корите. Врз сирењето ставате една згужвана кора. Попрскувате со масло и вода. Повторно ставате згужвана кора. Попрскувате со масло и вода. Врз кората го ставате преостанатото издробено сирење. Попрскувате со масло и вода. Ја ставате послеедната кора и повторно попрскувате со масло и вода. Првите две кори чии краеви беа надвор од тавата ги превиткувате во тавата затворајќи го бурекот. Попрскувате со масло и вода. Тавата ја ставате во рерна и печете 30 минути на температура од 180 степени.