Кокошка во тесто
Posted by: Marta
October 9th, 2011 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ, ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ
Овој рецепт го научив од мајка ми, и е едно од омилените јадења во нашето семејство.
Потребни состојки
1 ситно пиле ( максимум тежина до 1,5 кг)
800 гр. брашно ; 1/2 маргарин за готвење
Подготовка
Пилето се обарува околу 30-тина минути ( внимавајте да не се превари) Се трга настрана од водата да се олади. Се замесува тесто од 800 гр. брасно, 1 лажиче сол и 400 гр. млака вода. Тестото треба да биде меко како за леб ( не многу меко ). Се расукува кора со дебелина од 1 см. Пилето се полни со половина маргарин и целото се премчкува со вегета. Се става на средината на арсуканата кора и се преклопува како во плик. Целото пиле треба да е обмотано со тесто. Се пече во подмачкано тавче со маргарин на 250 С околу 1 час ( додека не добиете убава румена крцкава кора на тестото). Се служи со печен компир.