половина килограм остро брашно,
3,5 децилитри топло млеко,
1 децилитар масло,
1 маргарин,
1 жолчка,
вреќичка сусам,
2 кесички сув квасец,
малку сол и шеќер.
Откако квасецот ќе стаса, смешајте го со брашното, млекото и со маслото. Потоа тестото оставете го да одмори половина час на топло.
Тестото се дели на шест дела, а маргаринот на пет. Се прават тркалезни форми, кои се премачкуваат со маргарин и така се’ до крај. Потоа се развлекува голема кора, која се сече на 32 триаголника. На секое се става рендано сирење и шунка и тие се виткаат од поширокиот кон потесниот дел. Направените кроасани се редат во тепсија и се оставаат половина час да стасаат. Пред печењето се мачкаат со жолчка и се попрсакуваат со сусам.
Доколку сакате благи кроасани, полнете ги со џем или нутела и по печењето попрскајте ги со шеќер во прав.