Мексиканско чили кон карне (chili con carne)
Posted by: Marta
October 7th, 2011 >> ЗЕЛЕНЧУК, МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ
– 1 голем црвен кромид
– 2-3 пиперки
– Неколку чешниња лук
– 500 грама мелено месо
– 1 филџан свежо исечкани зачини (нане, босилек, магдонос, коријандер)
– 1 лажица маслиново масло
– 1 лажица чили
– 3 лажици вински оцет
– 500 грама грав
– Неколку поголеми домати
– Изрендан кашкавал
– Павлака
Подготовка:
На страна сварете го гравот.
Ситно исечкајте ги кромидот, пиперките, лукот и доматите.
Пржете ги лукот, кромидот и пиперките. Кога кромидот ќе „позлати“, додадете го месото и зачините и гответе сѐ додека месото не биде готово. Додадете ги оцетот, гравот и доматите, и гответе на ниска температура сѐ додека не се стопат доматите. Послужете со ориз и гарнирајте со рендан кашкавал, кромид и павлака