Archive for September, 2011

Ролат со шунка и кашкавал

Posted by: Marta

September 7th, 2011 >> МЕСО, РИБА, МОРСКИ ПЛОДОВИ, ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ

Состојки:

– За кората: 2 лажици путер, 5 јајца и 250г брашно,

– За филот: 150г варена шунка, 100г рендан кашкавал или бело тврдо сирење,

– За декорација по желба: павлака, рендано сирење.

Подготовка: Путерот сматете го заедно со јајцата, додадете го брашното и добро промешајте. Таквата цврста смеса ставете ја во плех и печете на 180 степени. Кога кората ќе биде полупечена, извадете ја од рерната и на неа распоредете ја исецканата шунка и кашкавал, па повторно вратете ја во рерна. Кога кората ќе биде целосно печена, извадете ја и завиткајте ја во ролат. Премачкајте го ролатот со павлака и посипете со рендано сирење, и оставете го во рерната 2-3 минути малку да порумени. Пред служење исечете го на парчиња дебели 2см.