Потребни состојки
за преливот
• 20 мл. балзамиран оцет
• 1 лажица маслиново масло
• 100 грама мајонез и 1 лажица павлака
• 20 мл. Brandy
за салатата
• 1 Кришка леб
• Краставица
• Зелена салата
• Домати
• рендан пармезан
• 100-150 гр. Пилешко
• малку Црн пипер
Подготовка
Зелената салата ја сечеме. Ја сервираме во длабока чинија. Пилешкото филе го сечеме на коцки. Го ставаме во тава со загреано масло да се пржи со вегета и црн пипер. Кога ќе се пропржи пилешкото, го вадиме на чинија и го оставаме да се олади.
Лебот го сечеме на коцки и него го ставаме во тавата каде што се пржеше пилешкото, за да се пропржи. Промешуваме и веднаш штом ќе се пропржат коцките леб ги вадиме на чинија и ги оставаме да се оладат. Краставицата ја сечеме на коцки и ја ставаме во подлабок сад. И доматот го сечкаме на коцки и го ставаме во садот. Во садот ги додаваме испрженото пилешко на коцки и испржените коцки леб. Состојките ги Ѓпромешуваме и ги ставаме врз зелената салата. Мајонезот го мешаме со оцетот,маслото,павлаката и коњакот. Зачинуваме со малку сол,црн пипер и убаво промешуваме за состојките да се изедначат. Со ова ја прелеваме салатата. На крајот ставаме рендан пармезан.