Пијани макарони во сос од вотка
Posted by: Marta
August 19th, 2011 >> ПЕЦИВА, ПОГАЧИ, ПИТИ, ТЕСТА, ЛЕБОВИ,TEСТЕНИНИ
Потребни состојки
4 тенки ленти чадена сланина
1/2 лажиче рузмарин (сув или свеж)
1 пакетче макарони
3 шолји доматен сос
1 чаша вотка
1/2 шолја хопла
сол, бибер
масло за јадење
пармезан или друг тврд кашкавал
Начин на подготовка:
Ставете ги макароните во солена и добро зовриена вода. Откако ќе се сварат земете едно тавче за пржење и ставете малку маслиново или сончогледово масло и испржете ја сланината. Во маснотијата од сланината додајте го рузмаринот и додајте ја вотката. Откако вотката ќе испари, додајте ги доматниот сос и водата оставете убаво да проврие смесата и додајте ја хоплата. Зачинете со сол и бибер по желба. На крајот, додајте ги сварените макарони во сосот и оставете ги настрана пет до десет минути за да ги впијат сосот. Сервирајте ги на чинија, а врз макароните изрендајте пармезан или друг тип потврд кашкавал.