Состојки 1:
2 чајни филџана брашно
¾ чаен филџан шеќер
2 пакетчиња ванилин шеќер
1 печиво
ореви (по желба)
Состојки 2:
3 големи многу зрели банани
¼ чаен филџан кисело млеко
2 јајца
6 лажици путер, топен и оладен
Подготовката:
Рерната треба да биде загреана на 180 Целзиусови степени, решетката ставете ја најдолу.
1. Намачкајте една форма за леб со масло.
2. Првите пет состојки измешајте ги заедно.
3. Во друг сад, згмечете ги бананите, додавајте го киселото млеко, јајцата и путерот. Измешајте ги добро со дрвена лажица.
4. Внимателно додавајте ја смесата со банани кај брашното и мешајте сè дури да се добие густо/дебело тесто.
5. Тестото ставете го во претходно намачканата форма и печете го додека да добие кафеава боја (околу 55 минути).
6. Оставете го да се олади околу пет минути, а потоа можете да го вадите лепчето од банани од формата и можете да го сервирате.
7. Се служи топол, со чај, кафе или како да сакате.