Затоа што почна Богородичниот пост еве неколку посни рецепти:
Фалафел (ќофтиња од наут)
250 гр наут
1 голема главица кромид
1 мал компир
1 чесне лук
1 китка магдонос
1/2 лажиче сода бикарбона
сол
бибер
кориандер
Наутот (леблебија) се кисне во вода најмалку 8 часа.
Потоа се меле заедно со кромидот и лукот.
Компирот се ренда на ситно и се цеди од водата.
Сето убаво се замесува со рака и му се додаваат другите продукти.
Кога смесата е готова, од неа се формираат мали ќофтиња кои се пржат
во добро загреан и длабок зејтин, на послаба температура.Доколку постот е на вода , тогаш ќофтињата се печат во тепсија врз хартија за печење.