Овој рецепт ми го даде Јасна и од тогаш нема утка со лазањите!
Во големо тенџере сварете еден и пол литар млеко со една коцка маргарин, сол, рендано морско оревче и пола шоља брашно(треба да биде ретко). Во друго тавче испржете 500гр. мелено месо,печурки, зачинете со вегета, оригано, бибер, и додадете му 500 мл доматно пире.
Во подмачкана подлабока тепсија редете:лазањи (не сварени), месо, прелијте со реткиот бешамел, па повторно лазањи, месо, бешамел…се додека не се потроши се.На крај прелијте со останатиот бешамел и кога ќе се излади ставете да преноќи во фрижидер. Следниот ден печете во загреана рерна околу 60 минути.15 минути пред да бидат готови лазањите посипере со рендан кашкавал.
Лазњите можете да ги правите и со спанаќ и сирење, шунка и кашкавал, зеленчук…
Потребни состојки
500гр.Лазањи
500гр.мелено месо
1 и пол литар млеко
1 маргарин (250гр)
брашно, печурки,кашкавал,зачини