Pesto sos! ( pesto alla Genovese)

Posted by: Marta

August 13th, 2011 >> СОСОВИ И ПРЕЛИВИ

И веднаш по рецептот за њоки следуваат и неколку рецепти за сосови и преливи…
Песто сосот за мене е врв за задоволување на сите сетила. Крал на преливите и сосовите!
пола главица лук
Состојки:
3 полни раце босилок
1 полна рака рендан пармезан
1 пакетче пињоли
морска сол, бибер
ладно цедено маслиново масло
Подготовка:
Лукот излупете ги и исечкајте ги ситно.,ливчињата босилек убаво измијте ги, извадете им ги рачките и грубо исечкајте ги. На тефлонско тавче, тостирајте ги пињолите додека не добијат благо кафена боја и почнат да миисаат феноменално. Сите состојки (освен пармезанот) ставете го во толчник и толчете ги додека не добиете една хомогена смеса, како паста. Ставете ги прво пињолите, па лукот и на крај босилекот.Кога пастата ќе нема грутки или било какви парчиња босилек, ставете го ренданиот пармезан и измешајте. Додадете го маслото. Трикот за тоа колку масло да ставите во пестото е тоа дека кога ставате масло, треба да имате на ум пестото да се направи како тиња. Да, баш така. Ни густо, ни ретко.Зачинете со морска сол и бибер, по вкус.

This entry was posted on Saturday, August 13th, 2011 at 12:38 and is filed under СОСОВИ И ПРЕЛИВИ. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. You can leave a response, or trackback from your own site.

Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>